Rıdvan Korkulutaş
20 Август 2017•Ажурирај: 21 Август 2017
КИЛИС (АА) - Сиријците кои поради војната во таа земја избегаа во Турција во текот на викендот продолжија да се враќаат во својата татковина за да го поминат Курбан бајрам со семејствата и пријателите, јавува Anadolu Agency (AA).
Многу Сиријци кои сакаат да го поминат Бајрам дома, откако пополнија барање во системот на канцеларијата на гувернерот на Килис, Турција, беа транспортирани до граничниот премин Oнџупинар.
Сиријците формираа долги колони на граничните премини и според дадениот термин за разговор, чекаат во шатори поставени од страна на Канцеларијата за управување со вонредни состојби во турската Влада (AFAD).
Официјалните претставници на АФАД велат дека околу 12.000 Сиријци се вратиle во својата земја во изминатите пет дена.
Сириецот Ибрахим Закур за АА рече дека за време на Рамазанскиот бајрам го посетил Ал Баб во кој живеел претходно, и дека е среќен што i овој Бајрам ќе може да го посети семејството.
Според него, Ал-Баб е ослободен од терористичките организации благодарение на турските војници.
„Благодарение на дозволата која ја добив, јас ќе ги посетам мајка ми и татко ми. Благодарение на Турција, во Ал Баб е многу подобро отколку порано“, рече Закур.
Исто така, во медицинските центри кои турските власти ги поставија на границата, се вакцинираат децата до 15 години.