Halil Demir
07 Октомври 2016•Ажурирај: 07 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Турската полиција соопшти дека бомбашкиот напад во кој се случи во четврток во квартот Јенибосна во Истанбул го изведе припадник на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата со помош на регистарските ознаки на мотоциклот, кој е користен во нападот влезе во трага на осомничениот
Сопственикот на мотоциклот на полицијата и рече дека моторот морал да му го даде на пријателот на користење.
Полицијата утврди дека осомниченото лице е припадник на ПКК.
Според последните информации, во експлозијата во Истанбул ранети се десет лица.
Силната експлозија во квартот Јенибосна се случи во четврток околу 15:50 часот по локално време.
Експлозијата причини голема материјална штета на околните возила и зградите.