Murat Temizer
15 Ноември 2016•Ажурирај: 15 Ноември 2016
АНКАРА (АА) – Акционерското друштво на гасоводи и транспорт на гас (БОТАШ), ги постави целите на среден рок, за снабдување со природен гас, од сегашниот капацитет - дневен влез од 200 милиони, на 350 милиони кубни метри. Во зимскиот период не се очекува проблем во снабдувањето со природен гас, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на БОТАШ, Турција дневно увезува повеќе од 200 милиони кубни метри природен гас.
Во сегашната ситуација, до Турција пристигаат 42 милиони кубни метри гас од западната гасоводна линија од Русија, а преку Синиот тек пристигаат 47,3 милиони кубни метри.
Покрај природниот гас што доаѓа од Азербејџан, а тоа е дневно 19 милиони кубни метри, во Турција дневно пристигаат уште 28,5 милиони кубни метри природен гас од Иран.
Преку терминалот Алиага ЛНГ, кој припаѓа на приватниот сектор, дневно во Турција влегуваат 25 милиони кубни метри природен гас.
Од терминалот Мармара Ереглиси ЛНГ, дневно во системот влегуваат 18 милиони кубни метри природен гас.
Во исто време, резервоарите, кои складираат гас за итни случаи – „Силиври Кузеј Мармара – Дегирменкој“, а беа преземени од Турската нафтена корпорација на 1. септември 2016, исто така дневно префрлаат 25 милиони кубни метри во системот.
Максималната побарувачка на природен гас во Турција, во критични моменти доаѓа до 230 милиони кубни метри на ден.
- Продолжуваат активностите
БОТАШ ги продолжува своите активности за да го зголеми капацитетот на внесен гас во државата на среден рок, тоа да изнесува 350 милиони кубни метри на ден.
Продолжуваат интегративните активности во насока на поврзување на постоечкиот течен природен гас и гасификациската единица (ФСРУ) со системот за пренос на гас, а со цел да се воспостави безбедност во снабдувањето со гас и диверзификација на енергетските ресурси.
Целта што на Турција ја постави за 2018 година е да го добие местото на заливот „Искендерун и Сарос“, каде што ќе има две гасификациски единици, а капацитетот би бил по 20 милиони кубни метри, што значи дека дневно ќе собира 40 милиони кубни метри природен гас.
Се очекува складиштата „Силиври Кузеј Мармара – Дегирменкој“ од 2020 година да ги зголемат своите капацитети на 75 милиони кубни метри.
Во исто време, терминалот Мармара Ереглиси ЛНГ ќе ги зголеми своите капацитети на 27 милиони кубни метри, за деновите кога побарувачката ќе биде многу повисока.
Планираното подземно складиште за 2017 во Соленото Езеро, со зголемување на неговите капацитети и отворање на дополнителните бунари, како и ревизијата што ќе се изврши на површинските складишта, ќе придонесат за зголемување на капацитетот на природен гас на 80 милиони кубни метри на ден.
Во зимскиот период не се очекува да има проблем во снабдувањето со природен гас во Турција. Генералниот директор на БОТАШ, Бурхан Озан, минатата недела пред комисијата на претпријатија во државна сопственост при турскиот Парламент, изјави дека целта е дневните капацитети да се зголемат на 350 милиони кубни метри: „Нашата цел е во системот да влегуваат минимум 350 милиони кубни метри природен гас. Ова е многу важна и критична цел. Имаме за цел да одговориме на овој предизвик“, истакна Озан пред пратениците.
Извор за снабдување со гас – Дневен капацитет на влезен гас
Русија – Западна линија – 42 милиони кубни метриРусија – Син тек – 47,3 милиони кубни метриИран – 28,5 милиони кубни метриАзербејџан – 19 милиони кубни метри
Терминал Егегаз Алиага ЛНГ – 25 милиони кубни метриТерминал Мармара Ереглиси ЛНГ – 18 милиони кубни метри
Складишта - Силиври Кузеј Мармара – Дегирменкој – 25 милиони кубни метри
ВКУПНО – 204,8 милиони кубни метри
Планирани растови и потези кои ќе се остварат
Терминал Мармара Ереглиси ЛНГ – 27 милиони кубни метри – раст од 9 милиони кубни метри (2017)
Складишта - Силиври Кузеј Мармара – Дегирменкој – 75 милиони кубни метри – раст од 50 милиони кубни метри (2020)
Искендерун и Сарос ФСРУ – 40 милиони кубни метри (2018)Складиште во Соленото Езеро – 80 милиони кубни метри
ВКУПНО: 179 милиони кубни метри