Hüseyin Erdoğan
06 Септември 2016•Ажурирај: 07 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Кинеската компанија „ЦНПЦ“ и руската гасна компанија „Газпром“ во неделата потпишаа Договор за инженерство, набавка и изградба (EPC) на гасовод под реката Амур, во рамките на прекуграничниот дел од гасоводот „Моќта на Сибир“, објави „Газпром“, јавува Anadolu Agency (AA).
Алексеј Милер, претседател на Одборот за управување со „Газпром“, и Ванг Јилин, претседател на „ЦНПЦ“, потпишаа договор на маргините од Самитот Г-20 во Хангџоу, објави „Газпром“.
Според договорот, преминот ќе биде изграден со користење на методот на заштитно тунелирање.
Кинеската компанија „Чајна петролеум пајплајн“ (China Petroleum Pipeline), која функционира во рамките на „ЦНПЦ“ е изведувач на работите во врска со проектот за изградба на гасоводот.
„ЦНПЦ“ е кинеска компанија за нафта и гас и најголем произведувач и набавувач на нафта и гас за Кина.
Во 2014 година, „Газпром“ и „ЦНПЦ“ потпишаа 30-годишен договор за продажба и купување на природен гас, кој ќе биде обезбеден преку источната рута на гасоводот „Моќта на Сибир“.
Со овој договор Кина се обврза да купи по 38 милијарди кубни метри природен гас годишно, во следните триесет години.