Mahmoud Mohamed Barakat
09 Февруари 2023•Ажурирај: 10 Февруари 2023
АНКАРА (АА) - Најмалку 3.162 лица загинаа, а повеќе од 5.235 се повредени во Сирија од серијата силни земјотреси со епицентри во јужните делови на Туркије, кои во понеделникот го потресоа поголемиот дел од тој регион, покажуваат денешните податоци, известува „Анадолу“.
Министерството за здравство на сирискиот режим пријави најмалку 1.262 смртни случаи во провинциите Алепо, Латакија, Хама и Тартус, а повредени се 2.285 лица.
„Најмалку 1.900 луѓе загинаа, а повеќе од 2.950 се повредени во подрачјата под контрола на опозицијата во северозападниот дел на Сирија“, објави Сириската цивилна одбрана.
Голем број згради се уништени или оштетени во подрачјата под контрола на опозицијата во северниот дел на Сирија, каде што спасувачките екипи деноноќно го пребаруваат теренот по преживеани.
Најмалку 14.014 луѓе загинаа, а 63.794 се повредени по двата разорни земјотреси кои во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије.
Земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени со епицентри во турската област Кахраманмараш, нанесоа сериозни штети во 10 области во Туркије, од кои се погодени 13 милиони луѓе.