Muhammet Mutaf
09 Февруари 2023•Ажурирај: 10 Февруари 2023
ЕРЗУРУМ (АА) - Двегодишниот Мерт Татар, кој по земјотресот беше затрупан под урнатините во Хатај, спасен е 79 часа по земјотресот, јавува Анадолу.
По двата разорни земјотреси со епицентар во Кахраманмараш, кои погодија 10 области во Туркије, еден од тимовите на АФАД од Ерзурум што пристигнаа во регионот за да помогнат во напорите за пребарување и спасување, на локација во Хатај од каде што допирале звуци, спроведе акција за пребарување под урнатините.
Екипите кои со алатки за дупчење на ѕидовите ги пресекоа бетонските плочи и создадоа коридор, по долги напори стигнаа до двегодишниот Мерт Татар.
Татар, кој беше извлечен од урнатините 79 часа по земјотресот, со Брза помош е пренесен во болница.
Тимот на АФАД од Ерзурум кој брои 140 лица заедно со волонтерите, продолжува да работи во регионот.