Sergen Sezgin
17 Март 2019•Ажурирај: 19 Март 2019
Седдумтемина пријатели од различни балкански земји кои со велосипеди трнаа од Скопје, изминувајќи 800 километри, пристигнаа во Чанаккале за да учествуваат на церемонијата по повод 104. годишнина од 18 март - Денот на победата на поморската битка кај Чанаккале, јавува Anadolu Agency (AA).
На иницијатива на скопското Планинарско-еколошко здружение, на едно место се собраа седум пријатели од Северна Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и од подрачјето Санџак во Србија, во кое главно живее бошњачко население.
Оваа група, со велосипеди, украсени со знамињата на Турција, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија, со придружба трнаа од Скопје кон Чанаккале. По изминат пат од 800 километри, овие седум пријатели со своите велосипеди, пристигнаа до Споменикот на жртвите на Чанаккале, каде што им се придружија деветмина велосипедисти од истанбулскиот велосипедски клуб „Орка“.
По молитвата за загинатите и заедничката фотографија, велосипедистите се оддалечија од местото.
Скопјанецот Сами Емин, за АА изјави дека зад себе оставиле едно напорно патување.
„Со велосипед дојдовме од Скопје за да се помолиме за душите на нашите предци. Тоа беше многу спокојно патување. Се надевам дека ова патување ќе биде причина за добри нешта и дека ќе биде порака за нашите млади поколенија да не го заборават Чанаккале. Верувам дека духот на Чанаккале ќе живее вечно“, изјави Емин.