Ali Kemal Akan
29 Јули 2016•Ажурирај: 30 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Вицепремиерот на Турција Нуман Куртулмуш, на состанокот за економска дипломатија зборуваше за обидот за државен удар во Турција како најцрна дамка во историјата на турската политика и како најтешка измината ноќ во поблиската историја на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
- Ќе се обидат Турција да ја стиснат во ќош
„Очигледно е дека извршителите на овој пуч, оваа банда на ФЕТО и нивните соработници, извикувајќи ‘изгубивме’ нема да се повлечат настрана”, рече вицепремиерот на Турција Куртулмуш и додаде:
“Подготовките се правени со години… Со растурањето на обидот за државен удар, тие нема да се откажат од нив. Сега ќе се обидат преку операции на пропаганда, особено преку пропаганда изведена од страна на западните медиуми, Турција да ја стиснат во ќош. Овие пропагандни операции ќе бидат извршувани и врз турската економија, користејќи шпекулации, коментари, и притоа за прикажување на турската економија во негативно светло, ќе бидат подготвувани активности од една страна во странство и од друга страна создавање лаги и невистини на теми како што се човековите права", рече Куртулмуш.
„Поради тоа, во рамките на нашата јавна дипломатија, за периодот по 15 јули, ќе биде потребно да изработиме добра економска дипломатија. Затоа, сите заинтересирани страни во државата, здруженија поврзани со економијата, фондации, сите раководните тела од турскиот бизнис во светот, ќе делуваме во соработка со сите овие институции, здруженија и фондации”, истакна вицепремиерот Куртулмуш.
- Нема да гледаме на нештата како да биле и поминале
Вицепремиерот Куртукмуш даде информации околу јавната дипломатија која Турција ја води по обидот за државен удар, истакнувајќи дека станува збор за сестрана борба. Кутрулмуш рече:
„Нема да гледаме на нештата како да биле и поминале. Од една страна потребно е сите елементи кои учествувале во обидот за државен удар да бидат отстранети од сите државни органи и без ништо да се наруши, да се продолжи со оваа борба. Притоа би сакал уште еднаш да го повторам следното: ниту ќе покажеме милост против овие пучисти, ниту пак ќе се однесуваме неправедно кон луѓето кои не им припаѓаат на пучистите. Затоа, овој процес ќе се врши во согласност со принципите на владеењето на правото. Сите овие црни елементи ќе бидат исчистени од државата”, рече Куртулмуш.
- Сите овие нешта направија бранување на економијата во Турција
Куртулмуш потсетувајќи дека во Турција е воведена вонредна состојба, истакна дека вонредна состојба не е насочена против народот, туку е наменета за државата и сите оние предавници кои се инфилтрирале во неа.
Куртулмуш истакна дека вонредната состоба на ниту еден начин нема негативно да влијае на нацијат продолжувајќи:
„За жал, според показателите од 15 јули до 22 јули, забележавме дека обидот за државен удар предизвика значителна загуба врз економијата на Турција. Видовме дека потегот носи таков потенцијал. Од една страна зголемување на каматните стапки, пад на истанбулската берза. Сите овие предизвикаа бранување на турската економија. Иако станува збор за силен обид за државен удар, сепак минимално е влијанието врз турската економија, маргинално и фала му на бога, по 22 јули, графиците трнаа во нагорна линија. Ова ја покажа структурната сила на турската економија. Продолжување на политичката и економската стабилност во Турција е показател за цврстината на волјата. Се надевам дека во најкраток период девизните курсеви ќе се нормализираат и со повлекувањето на каматите на нормално ниво, економијата ќе тргне по нормалниот тек”, истакна турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш.