Sinan Balcıkoca
20 Септември 2021•Ажурирај: 23 Септември 2021
БУРСА (АА)
- Синан БАЛЏИКОЏА
Производите на компанија од Бурса, која веќе 40 години извезува сирени за автомобилските гиганти, исто така се претпочитани и од најважните светски производители на електрични возила.
Компанијата која е основана во градот пред 40 години со 100-процентен домашен капитал, придонесе за економијата на земјата со извоз на 80 проценти од досега произведените 110 милиони сирени.
Компанијата, која исто така инвестира во Кина, само во фабриката во Бурса вработува приближно 200 луѓе. Компанијата е главниот снабдувач на многу автомобилски производители во оваа област, вклучително и на брендови како што се ауди, фолксваген, мерцедес, рено, цитроен, пежо, хјундаи, опел и форд.
Покрај за автомобилската индустрија, компанијата произведува сирени и за возови и бродови. Сирените на компанијата се користени и на моделот роудстер, испратен во вселената од американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“, во 2018 година.

Селим Бајкал, претседател на Одборот на директори на фирмата „Seger AŞ“, која неодамна стана снабдувач на најголемите светски производители на електрични возила, за Агенцијата Анадолија (АА) изјави дека тие произведуваат системи за сирени веќе 40 години.
Наведувајќи дека во светот нема многу компании во секторот за сирени, Бајкал рече дека извезуваат производи во 70 земји.
- „Имаме еден производ дури и во вселената“
Објаснувајќи дека во следниот период планираат дополнително да го зголемат уделот на пазарот, Бајкал рече:
„Околу 110 милиони сирени се произведени од нашата компанија за 40 години. Немаме многу конкуренти во нашата палета на производи. 3 компании во Европа и 10-12 компании низ светот ја делат оваа торта. Ние сме број еден во однос на пазарниот удел во електрични возила. Имаме дури и еден производ во вселената. Горди сме на тоа. Почнавме да работиме и во системите за осветлување. Имаме за цел да постигнеме одреден удел на пазарот и во оваа област.“
Наведувајќи дека тие произведуваат многу производи како што се електромеханички, електронски, воздушни и сирени при движење во рикверц, Бајкал рече дека од неодамна интензивно произведуваат сирени за електрични возила.
„Ние сме играч број еден за сирени за електрични возила. Ние произведуваме сирени за ‘Тесла‘ во САД и ‘Xpeng‘ во Кина. Исто така, со сирени ќе го снабдуваме и нашето домашно возило TOGG. Се надеваме дека во наредните години ќе продолжиме со развојот и ќе продолжиме по својот пат“, рече Бајкал.