Mehmet Kara
18 Ноември 2023•Ажурирај: 19 Ноември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Академици од голем број универзитети во Туркије протестираа против нападите на Израел врз Газа носејќи ги своите наметки на плоштадот Бејазит, известува Анадолу.
Група академици, во организација на Синдикатот на просветни работници, Здружението за солидарност и соработка „Џиханума“ и Здружението на академици и писатели на исламските земји, се собра на плоштадот Бејазит во Истанбул.
Академици, носејќи транспаренти на турски и англиски јазик, „Стоп за геноцидот“, „Лицемерен Запад“ и „Израел убиец“, протестираа извикувајќи слогани против Израел и упатија повик да се запрат нападите врз Газа.
Доц. д-р Јашар Кахраман, зборувајќи во име на групата, рече дека имаат историска одговорност како академици и додаде: „Во согласност со академското достоинство и интелектуалната одговорност, денес се собравме тука за да го кренеме гласот како научни работници и вработени на универзитетите.“
Доц. д-р Кахраман рече дека Палестина, а особено Газа, која со децении е претворена во затвор на отворено и концентрационен логор, станала долина на смртта, огромна масовна гробница, поради насилствата што ги спроведуваат Израел и државите соработници веќе 40 дена.
Тој истакна дека палестинскиот народ е оставен сам и нагласи дека меѓународните организации, вклучително и Обединетите нации (ОН), молчат и реагираат несоодветно за да го запрат масакрот.
Доц. д-р Кахраман рече дека ситуацијата во Газа е повеќе од војна и додаде: „Изразите на етничко чистење, па дури и геноцид не се соодветни за да се изразат злосторствата извршени од страна на Израел“.
Зборувајќи дека се прават напори за судење на воените злосторници, Кахраман го рече следното:
„Се разбира дека е важно да се донесат одлуки кои вклучуваат конкретни чекори, како што е повик за истрага на воените злосторства извршени од Израел на палестинските територии, формирање на специјална единица за документирање на воените злосторства и назначување на 7. земји, вклучително и Туркије, за иницирање сериозен и реален политички процес. Сепак, уште еднаш би сакале да ги потсетиме сите муслимански земји на обврската на акција без одлагање за преземање конкретни чекори против Израел“.
Изјавувајќи дека како академици повикуваат да се запрат нападите и да се казнат виновниците, доц. д-р Кахраман рече: „Не му се обраќаме на тиранинот Израел и не му велиме ‘Откажете се од окупацијата и геноцидот’. Велиме ‘Израел мора да биде запрен’. Израел не е држава, туку терористичка структура, подизведувач на болната ционистичка идеологија. Оние кои го конфискуваат имотот на раселените Палестинци под присила на Израел не се доселеници, туку узурпатори и крадци“, рече Доц. д-р Кахраман.
За време на протестот беа прикажани и слики од нападите на Израел врз Газа и човечките жртви.