Emrah Gökmen
03 Јануари 2023•Ажурирај: 04 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили уапсија странски државјанин, терорист на ДЕАШ, за кој е утврдено дека подготвувал терористички напад во Туркије, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тимови на турската полиција утврдиле дека осомничениот М.А. преку медиумските органи на терористичката организација правел заканувачки видеа и ширел пропаганда за акцијата на подрачјето на земјата, особено во подрачјето каде што има голема концентрација на локални граѓани и туристи.
М.А. е уапсен во Истанбул, а при претресот на станот запленети се таканаречени знамиња на терористичката организација ДЕАШ, потоа шаблони, бои и калапи кои се користат за нивна изработка, и предмети, како ножеви, што планирал да ги употреби за време на нападот.
Во тек на прегледот на запленетиот дигитален материјал пронајдена е снимка на која се гледа како осомничениот дава на новоприклучен член да се заколне на верност на терористичката организација. Од одземената документација утврдено е дека осомничениот планирал акции против домашни и странски туристи и туристички објекти во земјата.