Nilay Kar
04 Декември 2018•Ажурирај: 04 Декември 2018
ЕДРЕНЕ (АА) - Тела на тројца илегални мигранти се пронајдени во три различни погранични села во турската северозападната област Едрене, јавува Anadolu Agency (AA).
„Телото на еден мигрант за кого се смета дека е со авганистанско потекло, е пронајдено во селото Серем, додека телата на двајца други мигранти се пронајдени во селата Акчадам и Адасарханли“, соопштија безбедносни извори.
Сите мигранти се пронајдени смрзнати и нивните тела се испратени до истанбулскиот Институт за судска медицина за да се утврдат причините за смртта.
Турција е главна рута за бегалците кои се обидуваат да преминат во Европа, особено по почетокот на граѓанската војна во Сирија.