Zeynep Rakipoğlu,Sefa Mutlu
30 Јули 2021•Ажурирај: 30 Јули 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со претседателот на Алжир, Абдулмеџид Тебун, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Се истакнува дека двајцата претседатели разговарале за односите помеѓу Турција и Алжир.
Исто така, во соопштението се наведува дека Ердоган и Тебун се осврнале и на регионалните прашања, пред сѐ на настаните во Тунис.