Seda Sevencan
30 Јуни 2022•Ажурирај: 30 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Туркије (Турција) денеска за првпат е потврден првиот случај на вирусот мајмунски сипаници во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА)
„Мајмунските сипаници се откриени кај еден од нашите пациенти. Пациентот има 37 години и има имунолошки дефицит“, објави министерот за здравство, Фахретин Коџа на Твитер.
„Пациентот е во изолација, а со трагањето на контакти не е откриен друг случај“, додаде тој.
„Како што знаеме, оваа болест се пренесува не преку респираторни капки, туку преку близок физички контакт“, истакна Коџа.
Светската здравствена организација размислува дали да ги прогласи мајмунските сипаници за глобална вонредна состојба, што би било слично на пандемијата на Ковид-19 и за тоа бара глобален одговор.
Мајмунските сипаници се пренесуваат меѓу луѓето преку близок контакт со заразено лице или животно или со материјал контаминиран со вирусот. Пред да се појави осип на кожата, може да започне со треска, зголемени лимфни јазли, болки во грбот и мускулна болка.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека мајмунските сипаници се веројатно пораспространети отколку што покажуваат официјалните бројки и повика на будност.
„Преносот од човек на човек е во тек и веројатно е потценет“, рече тој.