Salih Baran
13 Јули 2018•Ажурирај: 14 Јули 2018
ЕДРЕНЕ (АА) - Во Турција започна традиционалниот 657. Пеливански турнир „Киркпинар“. Оваа година, во наредните три дена, на Турнирот ќе учествуваат рекордни 2.228 пеливани, кои ќе се обидат својот противник да го соборат на грб, јавува Anadolu Agency (AA).
На историскиот простор на Плоштадот на мажите, денешните борби започнаа по повикот што го упатија судиите од кулите.
Натпреварите од првиот ден на Турнирот ќе траат до 18:00 часот по локално време, за кога е закажано официјалното отворање на традиционалниот 657. Пеливански турнир „Киркпинар“.
На Турнирот учествуваат 2.228 пеливани, поделени во 14 категории.
Турнирот завршува в недела, по финалната борба за најдобар башпеливан.