Furkan Abdula
13 Мај 2018•Ажурирај: 15 Мај 2018
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје под наслов „Традицијата продолжува“ се одржа 8. Етно-фест турнир за пеливани, јавува Anadolu Agency (AA).
Турнирот го организираше Здружението за образование, култура, спорт и екологија (АКСИ) со поддршка на Турската боречка федерација и Федерацијата на светски балкански здруженија.
Турнирот се одржа во скопското село Студеничани, со учество на повеќе од 100 борачи-пеливани од Македонија, Турција, Албанија, Бугарија, Косово и Грција.
Адем Варлик, генерален координатор на репрезантациите на Турската боречка федерација, за АА истакна дека пеливанството потекнува од Румелија и продолжувајќи да се одржува неколку стотици години, преминало во традиција.
Зборувајќи за значењето на пеливанството, Варлик изјави: „Тоа е наш национален спорт, наша традиција, обичај. Тоа е спорт кој создава срдечна поврзаност меѓу луѓето, иако сме на различна географска поставеност.“

Варлик потсетувајќи дека селото Студеничани отсекогаш создавало успешни пеливани, истакна: „Многу сме среќни и задоволни што на овие простори се организира еден ваков турнир.“
Велејќи дека на турнирот се презентира илјадагодишна традиција, Варлик додаде декa за учество на турнирот дојдени се пеливани кои се победници на турнири во Турција.
Претседателот на здружението АКСИ, Афет Јашари, потсети дека минатогодишниот турнир го следеле околу 8.000 лица, изразувајќи верување дека овогодишниот турнир ќе предизвика поголема заинтересираност.
Јашари изјави дека етно-турнирот предизвикал голем интерес кај пеливаните и додаде: „Пеливанството во Скопје веќе пет века е дел од традицијата. Како невладина организација, ја чуваме традицијата и ќе продолжиме да го правиме тоа.“
Околу 100 пеливани учествуваат во борбите кои се одржуваат во 5 категории во текот на целиот ден. Покрај борбите на пеливани, посетителите имаа можност да следат и презентации на различни фолклорни игри и танци.

На турнирот во кој учество земаа пеливани од повеќе земји, во финалето се сретнаа Адем Устаоглу од Турција и скопјанецот Мухамед Весели.
По долга борба, Адем Устаоглу успеа да го совлада својот противник, станувајќи победник на 8. Етно-фест турнир за пеливани под наслов „Традицијата продолжува“. Третото место му припадна на Окан Јаваш од Турција.