Orhan Onur Gemici
30 Август 2021•Ажурирај: 31 Август 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција објави дека четворица терористи се неутрализирани во операции во руралното подрачје на Ширнак, градот на југоисточниот дел на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека операцијата е извршена во соработка со командосите на жандармеријата и единиците за специјални операции.
Во операцијата, во која се користеше и вооружено беспилотно летало, неутрализирани се четворица припадници на вооружената сепаратистичка терористичка организација ПКК.
Операциите во областа се во тек.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.