Erdoğan Çağatay Zontur
03 Јули 2019•Ажурирај: 04 Јули 2019
КОЊА (АА) - Најмалку 54 лица, вклучувајќи и војници на должност и поранешни војници, беа приведени денес во повеќе подрачја на Турција поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО и финансирање на истата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во централната област Коња, 25 лица беа приведени врз основа на налозите издадени за 40 осомничени лица, за кои постојат наводи дека се дел од инфилтрацијата на терористичката организација во Војската“, вели извор кој зборуваше под услов да остане анонимен.
„Во посебна операција извршена во Истанбул врз основа на добиени налози, денес беа приведени 29 од 47-те лица поради сомнеж за финансиска поддршка на терористичката група“, велат безбедносни извори. Операците се извршени истовремено во Истанбул, Анкара, Измир и Билеџик.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.