Fatih Hafız Mehmet
11 Март 2019•Ажурирај: 12 Март 2019
АНКАРА (АА) - Вкупно 172 илегални мигранти се фатени денес низ Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението издадено од Жандармериската команда, жандармериските сили во источната област Ван фатиле 119 мигранти.
Во соопштението се вели дека 50 од мигрантите биле од Авганистан.
Најмалку 38 сириски мигранти, кои илегално влегле во Турција од Сирија, беа исто така фатени во подрачјето Алтинозу во јужната област Хатај.
Во западната област Мугла, единиците на Крајбрежната стража на гумен чамец задржале 10 мигранти од Палестина и Јемен.
Мигрантите се обидувале илегално да стигнат до Европа.
Во централната турска област Сивас, полицијата запрела такси во кое имало пет авганистански илегални мигранти.
Турција е главна рута за бегалците и мигрантите, кои преку нејзината територија се обидуваат да преминат во Европа.
Според турското Министерство за внатрешни работи, во 2018 година во Турција се фатени околу 268.000 илегални мигранти.
Мигрантите во поголем број од случаите доаѓаат од Авганистан, Пакистан, Сирија и Ирак.