Hakan Mehmet Şahin
27 Јануари 2019•Ажурирај: 28 Јануари 2019
ЕДРЕНЕ/КИРКЛАРЕЛИ (АА) - Во акции на безбедносните сили во Турција фатени се 33 непријавени мигранти, јавува Anadolu Agency (АА).
Во Едрене фатени се 17 мигранти кои се обиделе по илегален пат да ја напуштат Турција. Жандармериските и пограничните тимови забележале група странци во пограничното подрачје.
При контрола на подрачјето на Мерич фатени се државјани на Мароко, Пакистан и Авганистан.
Од друга страна, во турската област Киркларели фатени се 16 непријавени мигранти кои биле распоредени во три групи. Станува збор за државјани на Авганистан и Пакистан.
Странците се предадени на надлежните дирекции за управување со миграции.