Yaşar Karaman
25 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
САМСУН (АА) - Јашар Караман
На подрачјето Чаршамба во областа Самсун се наоѓаат водопадите Кабаџевиз, кои во периодот на есента се одликуваат со особена убавина, благодарение на разнобојноста на овенатите лисја.

Во близина на селото Кабаџевиз, на оддалеченост од околу 30 километри од центарот на областа, се наоѓаат истоимените водопади, составени од три каскади.
Водопадот кој се наоѓа по секоја каскада е со различна големина. Со цел да се види вториот дел од водопадот Кабаџевиз, потребно е да се земат предвид потешкотиите што се очекуваат пешачејќи по тешката патека.
Посетителите на водопадите на крајот од нивното напорно патешествие се среќаваат со еден визуелен празник за очи.
Кај втората каскада на водопадите Кабаџевиз, кои се едни од најголемите во Турција, водата паѓа од височина од околу 60 метри, формирајќи сцена од која ви се одзема здивот.

Околината на водопадот која ја красат шумата и растителната флора обоени во жолта и црвена боја, кај посетителите им го доловува чувството на „скриен рај“.
Водопадите Кабаџевиз кои нудат многу можности, како што се прошетка низ природата, планинарство и фотосафари, привлекуваат голем интерес кај посетителите.
- „Фотографирањето на едно вакво место предизвикува особено задоволство“
Бехчет Атабек, пензиониран учител, својот интерес го насочил кон фотографирање на природата. Со цел да го фотографира „чудото на природата“, тој допатувал на водопадите Кабаџевиз.
Атабек за АА изјави дека овие водопади ги фотографира во есен.
Истакнувајќи дека водопадите во есен нудат визуелен празник за очи, Атабек изјави „Тука ги очекуваме фотографските ентузијасти. Како фотограф-уметник, ја чекам есента, но фотографирање на едно вакво место нуди особено задоволство. Во месеците септември, октомври, ноември, водопадот станува уште посовршен по неговото обојување со пожолтените лисја.“
Фотографите ентузијасти кои ги сретнавме, им препорачуваат на сите вљубеници во природата да ги посетат водопадите Кабаџевиз.