Erdal Türkoğlu
02 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
ХАТАЈ (АА) - Војник, член на единиците на режимот на Асад во Сирија, пребегна во Турција во делот на границата кај Хатај, јавува Anadolu Agency (AA).
Едно лице им се предало на турските погранични единици, а дошло од сириската страна на границата кај областа Хатај.
Сириецот се декларирал како припадник на единиците на режимот на Асад и бил предаден на сослушување кај безбедносните сили.
За време на сослушувањето, војникот изјавил дека тој присилно бил држен во единиците на режимот, а со цел да замине од сириската војска, избегал во Турција.