Sorwar Alam
18 Ноември 2017•Ажурирај: 19 Ноември 2017
АНКАРА (AA) - Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО упати извинување до претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган откако на воената вежба во Норвешка еден од норвешките цивилни функционери непријателски го претстави турскиот лидер, се наведува од кабинетот на претседателот на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Генералниот секретар на НАТО му се извини на претседателот на Турција Ердоган", истакна изворот кој сакаше да остане анонимен.
Турција се повлече од воената вежба „Трудент Јавелин", по инцидентот кој се случи во петокот.
Исто така, портретот на основачот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк, прикажан е на „листата на лидери" во текот на вежбата на едно од паноата кои претставуваа непријателски мети.
Во телефонскиот разговор кој го иницираше, Столтенберг го информираше турскиот претседател дека покренал истрага против командниот офицер и дека норвешкиот техничар кој работел по договор и учествувал во инцидентот веднаш е отпуштен.
Столтенберг ѝ се извини на цела Турција поради инцидентот во петок.