?kipa
01 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
АНКАРА (АА) - ЕРЏАН ЏАНБОЛАТ/ АЛАТИН ДОГРУ –
Германецот Патрик Мулер кој пред две години со поддршка на очувот Седат Туркер премина во ислам и го избра името Хамза, вели дека во Германија постои искривена слика за Турција.
Мулер со пријателот од Германија, Филип Планстад, кој премина во ислам и го избра името Муса, во турскиот град Коња дојде за да присуствува на венчавката на пријател.
Тие во Турција дошле по првпат, а за чувството и престојот во оваа земја, како и турско-германските односи зборуваа за Anadolu Agency (AA).
Хамза Мулер е среќен што има можност поблиску да се запознае со муслиманската земја, но и да престојува во Турција, земја во која луѓето, според неговите зборови, се дружељубиви и гостопримливи.
Тој зборуваше и за турско-германските односи кои се нарушени во последно време.
„Поголемиот дел од луѓето во Германија кои ги следат вестите, сметаат дека Турција е лоша земја. Но, тоа не е точно. Кога ќе се вратам во Германија ќе зборувам за тоа колку е убава оваа земја, како луѓето сакаат да помогнат и колку се гостопримливи. Турција е поразлична од сликата за неа во Германија”, смета Мулер.
Додека бил во Германија, слушнал за Мевлана, поет и научник кој го инспирирал.
„Мевлана секогаш нагласувал дека исламот е вера на мирот. Луѓето би оделе кај него кога би имале проблем”, изјави Мулер кој говореше и за чуството кога првпат го слушнал езанот, повикот за молитва.
Освен тоа, тој додаде дека во Турција нема проблеми со околината за време на извршувањето на молитвата, што не е случај во Германија.
Муса Планстад истакна дека во Турција е многу убаво и дека би можеле да поминуваат убаво време дури и да создадат свое семејство тука, бидејќи на улиците не гледаат лица во пијана состојба, како во Германија.
Планстад изјави дека Турција се развила и дека за тој развој придонел и претседателот на таа земја Реџеп Таип Ердоган.
Тој додаде дека комуникација меѓу луѓето во Германија речиси и не постои, при што бил изненаден со ситуацијата и меѓучовечките односи во Турција.
Очувот на Мулер, Седат Туркер изјави дека неговиот посинок пред да премине во исламот бил проблематичен, дека многу конзумирал алкохол и дека поради тоа секогаш имал проблеми со својата мајка и со полицијата.