Burcu Çalık
01 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
АНКАРА (АА) - За првите шест месеци оваа година во Турција, во однос на истиот период минатата година, за 14,5 отсто е зголемен бројот на туристите, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Министерството за култура и туризам, само во јуни оваа година, во однос на јуни минатата, бројот на туристите е зголемен за 43,1 отсто.
Податоците покажуваат дека во јуни Турција ја посетиле околу 3 милиони странски туристи. Од јануари до јуни оваа година околу 12,2 милиони странски туристи ја посетиле оваа земја.
Во првите шест месеци оваа година најмногу туристи, околу 1,2 милиони, дојдоа од Русија. На второ место е Германија со повеќе од 1,2 милиони, а по тоа следи Грузија со повеќе од 1,1 милиони туристи.
Во јуни во однос на минатата година, за 21,9 отсто е зголемен бројот на туристите од Русија. На второ место во јуни се повторно туристите од Германија па од Иран.
Најпосетени градови се Истанбул, Анталија и Едрeне. Истанбул го посетија повеќе од 4,3 милиони туристи, Анталија 3,2 милиони а Едрeне над 1,1.