Gültekin Yetgin
09 Јули 2018•Ажурирај: 10 Јули 2018
ГИРЕСУН (АА) - Ѓултекин Јетгин
Острвот Гиресун е единствениот во источниот дел на Црното Море на кој живеат луѓе. Поради митолошките приказни и историските остатоци, овој остров поттикнува голем интерес кај туристите.
Местото на кое живееле амазонки и местото на кое дошол Херкул во потрага по златното руно, се дел од митолошките приказни кои ги привлекуваат туристите да го посетат островот. Благодарение на програмата што се организира на островот, посетителите имаат чувство како да патуваат низ времето.

Во стандардната програма на островот се претстави за Херкул и амазонки, а на барање на посетителите се организира и претстава за средбата на грчките јунаци Аргонаути и Искити (Сака) Турци.
Посетителите имаат можност да ги посетат и археолошките ископини што се изведуваат на островот. Византиски гробишта, историски ѕидини, манастир и капела, се дел од остатоците кои посетителите имаат можност да ги видат.

Гувернерот на Гиресун, Харун Сарифакиоглулари, за АА изјави дека островот Гиресун има историја која потекнува од пред новата ера.
Тој истакна дека интересот на странските и домашни туристи за островот од година во година расте. „Посетителите имаат можност да го посетат единствениот остров во Црното Море на кој има живот. Византиски гробишта, историски ѕидини, остатоци од манастир, капела, се само дел од историското минато кое посетителите ќе го видат на овој остров“, рече Сарифакиоглулари.

Посочувајќи дека островот се наоѓа на патот на преселбата на птиците, Сарифакиоглулари истакна дека островот претставува место за одмор на голем број различни видови птици.
Гувернерот Сарифакиоглулари, зборувајќи дека островот Гиресун има митолошко минато, истакна: „На островот се прикажуваат претстави за Херкул и жените амазонки. Се спроведуваат археолошки ископувања. На островот ги очекуваме сите туристи кои посакуваат да бидат во допир со историјата“.
Приказната за златното руно
Хакан Аданир, организатор на активностите, благодарение на кои посетителите патуваат низ времето, изјави дека во минатото островот Гиресун бил дел од трговскиот пат од Грција кон Грузија.
Тој истакна дека островот се наоѓал на трасата на која Херкул го барал златното руно, додавајќи дека според митологијата, на островот Гиресун, Херкул се борел со птиците.
Зборувајќи за претставите што го привлекуваат интересот на посетителите на островот, Аданир продолжи со зборовите: „Во 800-тите години пред нашата ера, грчките јунаци Аргонаути, заедно со капетан Јасон, патувајќи кон Грузија за трговија со злато, дошле на островот Гиресун, приказна која никогаш не е заборавена.“
Велејќи дека тој историски настан е еден од најзначајните нешта на туристичките активности, Аданир рече:
„Претставите што ги изведуваме го заживуваат моментот на првата средба меѓу Сака Турците и грчките Аргонаути пред новата ера. Во почетокот и двата народи се вознемирени едни од други, а подоцна започнуваат заедно да го бараат златното руно и да јадат заедно. Може да се каже дека златното руно отвори една од вратите на соживот и пријателство меѓу народите што живеат на овие географски простори“.