Ahmet Bayram
24 Декември 2019•Ажурирај: 25 Декември 2019
МАНИСА - Во местото Акхисар во турската западна област Маниса се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа две возила. Во несреќата животот го загубија двајца турски државјани, а двајца државјани на Северна Македонија се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во близина на раскрсницата Пинарџик на Автопатот Акхисар - Ѓолмармара дошло до судир на возилото со кое управувал турскиот тржавјанин Латиф Чакар (65) и возилото со кое управувал Александар Караѓошев од Северна Македонија, по што и двете возила се стркалале во градината со маслинови дрвја покрај патот.
Двајцата турски државјани, Латиф и Хатиџе Чакар (65), починале на самото место на несреќата. Повредените Александар Караѓошев и неговиот сопатник Кирил Карапучев (27) со возилата на Брза помош се префрлени во Државната болница „Мустафа Киразоглу“ во Акхисар.