Mehmet Tosun
25 Март 2021•Ажурирај: 26 Март 2021
АНКАРА (АА) - Двајца припадници на терористичката организација ФЕТО, со акција на турските разузнавачи и полицијата се испорачани од Турската Република Северен Кипар во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според безбедносните извори, припадниците на терористичката организација ФЕТО се фатени во Турската Република Северен Кипар во заедничка операција на Националната разузнавачка агенција на Турција (МИТ) и Генералната дирекција за безбедност, по што се испорачани во Турција.
Се работи за членовите на ФЕТО, Исмаил Окали и Ајси Озалп, за кои претходно е издаден налог за приведување.
Кривичниот суд во Измир за Окали издаде налог за апсење под обвинение дека е припадник на терористичката организација ФЕТО, а Кривичниот суд во Адана под истото обвинение издаде налог за приведување на Озалп.
Окали на 17 март е фатен во Турската Република Северен Кипар, а Озалп на 24 март.
Исмаил Окали е еден од луѓето кои ја ставиле својата куќа на располагање на терористичката организација ФЕТО.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, ноќта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД) и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.
Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, припадниците на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрира во турската војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.