İlkay Guder
24 Јули 2017•Ажурирај: 24 Јули 2017
ДОХА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, пристигна во Доха, главниот град на Катар, последна станица во рамките на неговата посета на земјите од Заливот, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган на Меѓународниот аеродром во Доха беше пречекан од страна на емирот на Катар,Темим бин Хамад Ал-Тани, амбасадорот на Турција во Доха, Фикрет Озер и други функционери.
Со турскиот претседател пристигна и неговата сопруга Емине, началникот на Генералштабот на Турција, Хулуси Акар, министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за економија, Нихат Зејбекчи, министерот за енергија и природни ресурси, Берат Албајрак, за одбрана Нуретин Чаник и шефот на разузнавачката служба, Хакан Фидан.
Ердоган прво ќе се сретне со Ал-Тани, а потоа ќе следува состанокот на делегацијата.
Тој претходно ги посети Саудиска Арабија и Кувајт, а во вечерните часови треба да се врати во Турција.