İzzet Mazi
04 Мај 2016•Ажурирај: 05 Мај 2016
КИЛИС (АА) - Два артилериски проектили истрелани од северниот пограничен појас на Сирија, утрово паднаа на територијата на турскиот град Килис, јавува Anadolu Agency (AA).
Според првичните информации, првата граната паднала во дворот на Дирекцијата за шумарство во Килис, додека другата паднала на објектот на Дирекцијата за земјоделство во градот.
Турската полиција соопшти дека во експлозијата нема настрадани, но дека загинале најмалку пет грла на ситна стока и предизвикана е штета врз објектите.
Северниот пограничен појас на Сирија од почетокот на годината беше место на жестоки судири меѓу терористите на ДАЕШ и сириските опозициски сили. Во градот Килис до сега паднаа повеќе од 50 проектили кои убија најмалку 17, а повредија се 58 лица.
Турските безбедносни сили ги засилија безбедносните мерки на границата со Сирија и во согласност со меѓународните стандарди за вклучување на граничните сили извршија артилериски и воздушни напади врз позициите на ДАЕШ, од кои беа испукани гранати врз турската територија.