Nuray Tunçay
04 Мај 2016•Ажурирај: 05 Мај 2016
АНКАРА (АА) - По паѓањето на две ракети во Килис, турските воени сили отворија оган на позициите на ДАЕШ во Сирија, при што тројца терористи се онеспособени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од безбедносните извори, утрово Килис го погодиле две ракети, но притоа нема повредени.
По нападот, рададарите за одредување на цели ANTPQ-36, ги лоцирале позициите од кои ДАЕШ го извршил нападот. Турските воени сили со помош на Т-155 Фиртина и повеќеракетни фрлачи ги ракетираaпозициите на ДАЕШ. Во нападот уништени се две ракетни гнезда со ракетни фрлачи Качуши и според првичните информации онеспособени се 3 терористи, припадници на ДАЕШ.