Турција

Древниот град Ефес во Туркије пречека речиси 2,7 милиони посетители минатата година

Лоциран во областа Измир, во Туркије, Ефес е дел од листата на светско наследство на УНЕСКО, а неговите остатоци сведочат за богатата историја на Анадолија

Aida Cako  | 24.01.2025 - Обновена : 25.01.2025
Древниот град Ефес во Туркије пречека речиси 2,7 милиони посетители минатата година

ИЗМИР (АА) - Древниот град Ефес, кој важи за еден од најзначајните метрополи на античкиот свет, минатата 2024 година забележа рекордна посетеност од 2,69 милиони посетители, јавува Анадолу.

Лоциран во областа Измир, во Туркије, Ефес е дел од листата на светско наследство на УНЕСКО, а неговите остатоци сведочат за богатата историја на Анадолија, од праисториските времиња па сè до хеленистичката, римската, византиската и османлиската ера.

Иако Ефес постои уште од неолитот, градот ја достигнал својата полна слава под Римската Империја, кога станал главен град на Мала Азија.

Како втор најважен град во Римската Империја, Ефес растел и просперирал, а неговите жители биле претежно образовани и богати.

Неговите архитектонски дела, богато украсени, ја славеле среќата и успехот на локалното население, што сè уште ги фасцинира посетителите.

Под античките Грци, Ефес се истакнал со изградбата на храмот на Артемида – едно од седумте светски чуда на античкиот свет.

Иако денес од храмот останала само една колона, историските записи сведочат за неговата големина и импресивност.

Денес, туристите од целиот свет пристигнуваат во Ефес за да ја искусат неговата импресивна историја и наследство.

Од театарот што може да собере 25.000 луѓе, до древната библиотека на Целсус, Ефес нуди уникатен прозорец кон античкиот свет.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.