İdris Okuducu
16 Ноември 2016•Ажурирај: 17 Ноември 2016
МОСУЛ (AA) - Ирачката пред три дена од терористите на ДЕАШ ја презеде контролата над ирачкиот град Нимруд, кој остана без ниту еден историски споменик, јавува Anadolu Agency (AA).
Три дена откако ирачките сили ги протераа терористите, фоторепортерите и камерманите на АА влегоа во античкиот град Нимруд и забележаа урнатини кои останаа од преубавиот град.
Античкиот град, кој беше колевка на цивилизациите, денес во потполност е срамнет со земја и во него речиси да нема ниту еден историски споменик.
Жител на Нимруд Сејх Халид Ал-Џубури за АА рече дека припадниците на ДЕАШ со експлозив во потполност го уништиле градот.
„Историјата на Нинива се криеше во овој град. Терористите на ДЕАШ дојдоа и со експлозив го срамија со земја. Претходно, тука постоеше живот. За жал, веќе нема споменици", рече Џубури.
Нимруд е антички асирски град, кој лежи на реката Тигрис. Во античките времиња градот се викаше Калху, а Арапите градот го нарекоа Нимруд според легендарниот крал Нимруд. Се претпоставува дека е формиран пред 3.300 години, а беше главен град на Асирија.