Filiz Kınık Öz,Zeynep Rakipoğlu,Kaan Bozdoğan
21 Април 2023•Ажурирај: 23 Април 2023
Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, бајрам-намазот го клањаше во големата џамија „Аја Софија“ во Истанбул, јавува Анадолу.
На молитвата го придружуваа претседателот на Големото народно собрание на Туркије (ТБММ), Мустафа Шентоп, министерот за здравство Фахретин Коџа, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, и други официјални претставници.
Ердоган по молитвата во џамијата „Аја Софија“ размени честитки со граѓаните по повод Рамазан Бајрам.
Турскиот претседател по молитвата даде изјава за медиумите, при што го пофали пуштањето во употреба на природниот гас на неговата земја во Црното Море, потсетувајќи дека првично граѓаните ќе имаат бесплатна потрошувачка на гас за еден месец, а тие ќе го имаат бесплатно една година природниот гас што се користи за кујни и потрошувачка на топла вода.
Ердоган нагласи дека ќе продолжат работите за сондажа за зголемување на оваа резерва.
Одговарајќи на новинарско прашање за првото домашно возило „ТОГГ“, Ердоган изрази надеж дека тие што ќе го изберат „ТОГГ“ во Туркије, ќе бидат задоволни.
На крајот, Ердоган размени честитки и со новинарите и се сликаше со нив.