Ferdi Türkten
22 Април 2023•Ажурирај: 24 Април 2023
АНКАРА (АА) - Безбедносните сили на Туркије неутрализираа тројца припадници на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, соопшти Министерството за одбрана на Туркије, известува Анадолу.
Во соопштението се вели дека терористите се неутрализирани во зоната на операцијата „Канџа-катанец“, во северниот дел на Ирак, и дека турските сили одлучно ќе ја продолжат борбата против тероризмот.
Туркије во 2020 година започна низа операции против ПКК, а последната операција „Канџа-катанец“ започна во април оваа година, имајќи ги за цел засолништата на терористите на ПКК во северните делови на Ирак, особено во подрачјето на Метин, Зап и Авасин-Басјан.
Претходно, турските сили во 2020 година ги започнаа операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“, за обезбедување на турскиот народ и турските граници неутрализирајќи ја заканата од ПКК и останатите терористички групи кои го користат северот на Ирак за планирање на прекуграничните напади.
Турските безбедносни сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Туркије, но и во северните делови на соседните Ирак и Сирија.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, ЕУ и САД. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.