Yıldız Nevin Gündoğmuş
07 Октомври 2017•Ажурирај: 07 Октомври 2017
АНКАРА (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во турскиот град Афјонкарахисар порача дека со нелегалниот референдум на северот на Ирак нема да се постигне никаков резултат, јавува Anadolu Agency (AA).
„Отворено и јасно порачувам, доколку ќе правиш чекори на овој начин нема да добиеш никаков резултат. Единствено што ти преостанува е да се вратиш на почетна точка. Доколку не се вратиш на почетната точка, ќе бидеш осуден на осаменост и ќе ги загубиш сите можности кои ги имаш во рацете", рече Ердоган.