Ferdi Türkten
02 Декември 2016•Ажурирај: 03 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во своето обраќање на церемонијата на отворањето на комплексот Есенбоа на универзитетот Јилдирим Бејазит го рече следното: „Во ера во која се бришат границите и се губи чувството за далечина, незамисливо е нашите универзитети да останат во сопствените граници. Потребно е турските универзитети да се конкуренција на високообразовните институции во светот, дури и да бидат пред нив”, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседастелот на Турција Ердоган истакна дека од самиот почеток лично се интересира за проектот на комплексот. „Затоа, би сакал да знаете дека проектот е наменет за сиромашните. Им се заблагодарувам на почитуваниот премиер и градоначалникот на Анкара, Мелих Ѓокче и неговата екипа кои ја дадоа својата поддршка во опремувањето на овој комплекс. Покрај тоа градоначалникот на Анкара Ѓокче ќе ја даде својата исклучителна поддршка и за зазеленување на околината на комплексот”, изјави претседателот на Турција Ердоган.
- „Претставвуа објект кој му доликува на името кое го носи”
Претседателот Ердоган рече дека во комплексот на универзитетот е потребно да се направат многу поразлични чекори, во кој во моментов се наоѓаат од 13 до 14 илјади студенти. Тој истакна дека не е лесна работа за кусо време изработка на универзитет кој има капацитет поголем од 10 илјади студенти.
Претседателот Ердоган изјави дека Универзитетот Јилдирим Бејазит е 5. државен универзитет во Анкара, кој по 44 години, е основан во 2010 и во изминатите 6 години од неговото основање, може да се забележи сериозен напредок на универзитетот од секој аспект.
Претседателот Ердоган зборувајќи за универзитетот, ги даде следните информации: „Денеска универзитетот го формираат 12 факултети, 5 институти и 17 центри за практика и истражување и со сигурни чекори напредува кон зацртаните цели. Особено универзитетот добива на сопствениот идентитет и значење со сопствениот кадар на домашни и странски професори кои се образувале во најпознатите светски универзитети и имале академски студии во различни земји.”
- „Турција е домаќин на илјадници странски студенти”
Зборувајќи дека бил на отворањето на голем број на нови универзитети, кои биле заеднички проекти со пријателските земји од Средниот Исток, Балканот, Турска Република Северен Кипар и Африка, претседателот ердоган рече: „Турција не испраќа само свои студенти во странство, таа е истовремено домаќин на илјадници странски студенти”.
Турскиот претседател Ердоган за студентите кои доаѓаат да студираа во Турција го рече следното:
„Светот се собира во Турција. Во моментов 95.000 меѓународни студенти од 203 земји се наоѓоат на магистерски, специјалистички и докторски студии во Турција. Верувам дека наскоро универзитетот Јилдирим Бејазит од Анкара ќе продолжи понатаму со ова забрзување и многу бргу ќе биде меѓународно признат универзитет. Сигурен сум дека и вие ќе продолжите со својата работа во тој дух, несебично и поодлучно.
Претседателот Ердоган во своео обраќање рече дека пред само 10 - 15 години во Турција на прсти од една рака можеле да се сретнат само неколку такви универзитети. Ердоган истакна дека во тие години, тешко се наоѓале универзитети, покрај оние во Анката и Истанбул, кои имале академски кадар со квалитетна образовна основа.
„Во тоа време дел од универзитетите беа само дел од листа поради недоволните извори, немањето можности, на кои му се придодаде и тероризмот. Но затоа треба да се упатат сите пофали за Универзитетот Јилдирим Бејазит од Анкара кој не се затвори во сопствените граници”, рече претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.