Sibel Kurtoğlu
31 Август 2017•Ажурирај: 01 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, ги повика лидерите на муслиманските земји да се интензивираат активностите со цел да се реши кризата во Мјанмар, јавува Anadolu Agency (AA).
Во телефонски разговор по повод Курбан Бајрам, Ердоган ги повика лидерите на муслиманските земји да се интензивираат активностите со цел да се реши хуманитарната криза во Мјанмар, каде што на насилство се изложени муслиманите од областа Аракан.
Претседателот на Турција денес имаше телефонски разговори со претседателот на Мавританија, Мухамед Улд Абделазиз, претседателот на Пакистан, Мемнун Хусеин, претседателот на Иран, Хасан Рухани и катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад ал Тани.
Ердоган потсети дека случувањата во Сирија, Ирак, Јемен, Палестина и во Либија ја засенуваат бајрамската радост на муслиманите во светот.
Тој истакна дека насилството врз муслиманите во Мјанмар предизвикува огромна тага во целиот исламски свет. Како што е потврдено за АА од извори блиски до турскиот претседател, продолжуваат разговорите на Ердоган со шефовите на држави и влади од исламскиот свет.