Behlül Çetinkaya
27 Мај 2021•Ажурирај: 28 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, ќе престојува во официјална посета на Грција на 30-ти и 31-ви мај, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што е потврдено од Министерството за надворешни работи на Турција, Чавушоглу ќе ја посети соседната земја на покана на неговиот грчки колега Никос Дендиас.
Пред посетата на Атина, шефот на турската дипломатија ќе престојува во Западна Тракија, каде што живее турско население.