Esra Ağaçyetiştiren
21 Декември 2016•Ажурирај: 22 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во претседателската палата во Анкара го прими девојчето Бана ел Абед (7) од Сирија, која преку социјалните мрежи зборуваше за масакрот во Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
На приемот кај претседателот беше и семејството на сириското девојче.
Сиријката Бана ел Абед (7) од Алепо преку социјалните мрежи јавуваше за масакрот што се случува во Алепо. Таа и нејзиното семејство беа евакуирани и префрлени на безбедно подрачје во Идлиб, а потоа и во Турција.
Девојчето Бана и нејзината мајка Фатима, професорка по англиски јазик, живееја во источен Алепо. Пред три месеци отворија профил на социјалната мрежа Твитер, и од таму апелираа да се стори нешто за да се запре масакрот во Алепо.
Мајката и ќерката имаат повеќе од 320.000 следбеници на социјалните мрежи.