Muhammed Enes Can
21 Декември 2016•Ажурирај: 22 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во врска со академската структура на терористичката организација ФЕТО, подготвено е обвинение за 45 академици, меѓу кои и професори од Универзитетот во Истанбул, од кои 14-мина се веќе приведени, јавува Anadolu Agency (AA).
Мехмет Шенај Бајгин, еден од јавните обвинители од Бирото за тероризам и организиран криминал при Истанбулското јавно обвинителство, кој ја води истрагата околу академската структура на ФЕТО во универзитетските редови, го заврши првото обвинение за структурирањето на организацијата на Универзитетот во Истанбул.
Во обвинението станува збор за 45 осомничени, од кои 14-мина се приведени. Меѓу нив има професори и доценти, за кои севкупно е подготвено обвинение на 191 страница. Некои осомничени се товарат за „формирање или раководење на вооружена терористичка организација“, и за нив се бара затворска казна од 15 до 22,5 години. Дел од осомничените се обвинети за „членување во терористичка организација” и за нив се бара казна од 7,5 до 15 година затвор.
Во обвинението, за некои осомничени се наведува дека се корисници на БајЛок, шифрираната програма на ФЕТО за испраќање пораки, додека пак кај некои е забележана активност на сметките во банката „Асиа“, според наредби добиени од лидерот на ФЕТО, Фетула Ѓулен. По извршените претреси на нивните работни места и во нивните домови, пронајден е симболот на организацијата, банкнота од 1 долар.
Во обвиниението за структурите на ФЕТО постојат и изјави дека дел од академиците на универзитетот спроведувале одредени активности на организацијата.
Откако било одобрено обвинението испратено до јавното обвинителство, тоа било испратено до 14. Кривичен суд. Судот во рок од 15 дена треба да донесе одлука за прифаќање или одбивање на обвинението. Доколку тоа биде прифатено, тогаш обвинетите во наредниот период ќе бидат изведени пред суд.