Semra Orkan
03 Декември 2017•Ажурирај: 03 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган вечерва разговараше со претседателот на Палестина Махмуд Абас за последните случувања во регионот, првенствено за статусот на Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во телефонскиот разговор ја нагласи важноста на суверена држава Палестина во границите од 1967. година со Источен Ерусалим како главен град.
Претседателот на Турција ја истакна важноста на зачувување на светоста и историскиот статус на Харем-и- Шериф во Ерусалим за целиот исламски свет и нагласи дека во врска со ова чувствително прашање мора да се почитуваат резолуциите на Обединетите нации и меѓународното право.
Ердоган потсети дека Турција го поддржува палестинскиот народ и укажа на потребата за отстранување на сите рестрикции и блокади со кои се соочува Газа.
Абас му се заблагодари на Ердоган за поддршката, соопштија извори од Претседателството на Турција.