Sena Güler
03 Декември 2017•Ажурирај: 04 Декември 2017
БИНГОЛ (АА) - Турските безбедносни сили денес убија четворица терористи, а заробија еден припадник на терористичката организација ПКК во источната турска област Бингол, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Канцеларијата на гувернерот на областа се истакнува дека операцијата е изведена во селото Чатак, во подрачјето на Карлиова. Во операцијата се запленети две пушки M-16, три калашњикови и лап топ.
ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и Европската Унија.
Станува збор за организација која три децении спроведува воена кампања против Турција, а таа кампања ја интензивираше во јули 2015 година. Освен во Турција, ПКК делува и во северните делови на соседните Ирак и Сирија.