Mehmet Tosun
11 Јули 2023•Ажурирај: 11 Јули 2023
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, им оддаде почит на жртвите од геноцидот во Сребреница и порача дека Сребреница не смее да се заборави за никогаш повеќе да не се повторат слични ѕверства, пренесува Анадолу.
Ердоган објави порака на социјалните мрежи по повод 28-годишнината од геноцидот во Сребреница.
„По повод 28-годишнината од геноцидот во Сребреница, кој остави црна дамка во историјата на човештвото, изразувам искрено сочувство до семејствата на нашите маченици и до сите мои браќа Бошњаци. За да не доживееме повеќе слични ѕверства, никогаш нема да ја заборавиме Сребреница или да дозволиме таа да биде заборавена“, рече Ердоган.