A. Eda Ünlü Özen,Ekip
31 Јули 2016•Ажурирај: 01 Август 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во првото интервју за една домашна телевизиска куќа најави сеопфатна реформа на воените структури и ново структура на главната воена команда во Турција. Според него, за школување на воениот кадар ќе биде задолжен Универзитетот за национална одбрана, а заповедништвото на воените сили ќе биде предводено од министерот за национална одбрана, јавува Anadolu Agency (АА).
„Сето командување со воените сили (копнените, морнарицата, воздухопловството) ќе биде ставено под надлежност на министерот за национална одбрана. Не во надлежност на Министерството, туку директно во надлежност на министерот. Освен тоа, во зависност од преговорите со опозицијата, доколку биде прифатен пакетот измени, планираме началникот на Генералштабот на војската и Националната разузнавачка служба (MИT) да се стави директно под надлежност на претседателот на државата“, истакна Ердоган.
Ердоган најави укинување на досегашните воени училишта и формирање на една заедничка институција, Универзитет за национална одбрана, кој ќе ги обедини сите видови воени училишта, кои ќе бидат на ниво на факултети.
„Воените училишта ќе бидат затворени. Заедно со затворањето на воените училишта, ќе бидат отворени можности за сите ученици од гимназиите и од средните стручни училишта да се запишат на воените академии. Сепак, воените академии ќе бидат под еден покрив, ќе се формира Универзитет за национална одбрана во чиj состав ќе бидат училиштата за копненитe, поморските и воздушните сили“, рече турскиот претседател.
Ердоган, исто така, изјави дека ќе се направат одредени промени во образованието на жандармеријата, односно воената полиција.
„Ќе се формира академија за воена полиција. Академијата ќе биде центар којшто ќе произведува сериозен кадар“, рече Ердоган.
Турскиот претседател нагласи дека сите воени болници ќе поминат во надлежност на Министерството за здравство.
Покрај тоа, воените бродоградилишта, исто така, ќе поминат во надлежност на Министерството за национална безбедност. Ердоган истакна дека тогаш во приватниот сектор има потенцијал за поефикасно работење.
„Наместо три-четири години, една фрегата ќе биде готова за две до две и пол години“, рече Ердоган.