СКОПЈЕ (АА) - Република Македонија како мала и не така влијателна земја, создаде многу истакнати личности од областа на науката, културата, спортот и многу други области. Една од истакнатите македонски личности надвор од границите на земјата, сега веќе докажан и во светски рамки е актерот Висар Вишка.
Секако дека е успехот е индивидуална работа, којашто тешко се одредува, но со право може да се каже дека доколку во актерството постои врвот на “Олимпот на успешноста“ тоа би бил Холивуд. Токму овој македонски актер, се појавува како еден од главните ликови во втората сезона на американската криминална ТВ-серија „Легенди“.
Вишка својот актерски талент како еден од главните ликови ќе го покаже во осум од вкупно десетте епизоди од втората сезона. Во серијата главен лик е холивудската ѕвезда Шон Бин, кој на нашата публика ѝ е познат од блокбастерите „Господар на прстените“ и „Троја“, а глумеше и во првата сезона на „Игра на Престолите“.
Во разговор за Anadolu Agency (AA), Вишка зборува за својата досегашна кариера , за своите професионални достигнувања, за предизвиците со кои се соочувал за да биде тоа што е денеска и конечно, овој актер несебично раскажува на кој начин стасал од една мала земја, со скромни можности за поголеми актерски остварувања, како што е Македонија, до Холивуд, којшто претставува престиж речиси за секој актер.
“Можам да кажам дека со сериските филмови сум присутен таму, но сеуште не така како што би сакал”, вели Висар, според кој американската филмска индустрија почнала да го менува пристапот, давајќи и на сцената поголема разновидност со вклучувањето на европски актери.
-Од муабет на Фејсбук до улога во Холивуд-
Во однос на неговото патешествие кој го однело до вратите на успехот, Висар раскажува за интересниот сплет на околности кои го доведуваат до запознавање со неговиот сегашен агент, Анила Гајевиќ од Сараево, која, како што вели, му го променила животот целосно, после многуте неправди од различни мотиви, побуди и аспекти. Интересно, вели Вишка во продолжение на разговорот, со Анила се запознал сосема случајно, преку Фејзбук, на иницијатива на заеднички пријател во времето кога бил без работа, во една по многу нешта тешка состојба, па дури и како што самиот признава, нарекувајќи го тој период “ време со егзистенционални потешкоти“ .
Висар на Анила и испратил фотографии и потребни материјали за кастингот за снимање на сериалот “Филантропист” на NBC , што резултираше со прв успешен кастинг во ова подрачје и за него, но и за агентот Анила, која претходно се занимавала со новинарство.
Во меѓувреме во филмот "Legends", Висар ја толкува уллогата на чеченецот, Доку Закaев , улога која, според неговото раскажување, било замислено да ја толкува некое мускулесто, грубо лице, за да подоцна толкувањето токму на овој лик му припадне на него, кој ќе му даде сосема друга димензија, за што актерот Вишка вели за да се биде опасен, не мора да се биде мускулест, поради што тој го модифицирал карактерот кој му одговара на неговата телесна градба .
“Продуцентот и режисерот на првите две епизоди Џими Пeин, рече дека кога видел како го изведов тоа, се изненадиле бидејќи не ни предвиделе дека вака може да се изведе Доку (карактерот) , поинаку од тоа што сме го замислиле, вака излегува многу помоќно”, раскажува Висар, откривајќи дека после ова, Џeјми Пein ги повикал главните продуценти кажувајќи им дека ја пронашле вистинската личност за толкување на главниот негативец , чеченскиот бос Доку.
-Доживувања зад камерите-
Публиката го гледа она што го забележува камерата, но секогаш се интересни анегдотите и доживувањата кои ги имаат актерите за време на снимањата. Вишка за актерите од Холивуд збоува во суперлатив, опишувајќи ги како вистински професионалци, а за својот колега од Србија, Никола Ѓуричко, кој инаку во серијата му е помлад брат раскажува несекојдневна приказна за време на една забава.
“Со Ѓуричко се знаеме и од порано, соработувавме. Но интересно е сега што во филмот, тој ми е помлад брат. Ова беше повод во едно кафуле да се пошегуваме прашајќи ја келнерката кој излгеда постаро јас или тој“ , открива Вишка, зборуваќи за интересните моменти зад камерите. Вишка истакнува дека постојат неколку актери од регионот кои успешно се претставуваат на меѓународната филмска сцена, истакнувајќи го младиот босански актер Игор Скварица и Аднан Хасковиќ, за кои зборува во суперлатив.
"Направивме и Вајбер група "Чеченска моторизована бригада" , преку која редовно одржуваме контакти и се дружиме", вели Вишка, зборувајќи за искуствата и импресиите од снимањата со своите колеги од регионот.
-Зошто Холивуд е “Холивуд“
Помеѓу останатото, во разговорот, актерот Вишка се осврнува и на пристапот кон актерите од страна на американските продуценти во компарација со оние на овдешните простори, кажувајќи дека од нивна страна секогаш има почит кон актерот, почитување на договореното, а титулата “Guest Strar” подразбира низа бенефити меѓу кои се издвојуваат лимузина, луксузни хотели, лична кабина за време на снимањето.
“Тука кај нас трошат милиони евра за филм но актерите секогаш се малку платени или воопшто не се платени. Има случаји кога одржувачот на кабли има поголем хонорар од оној на актерот, што е бесмислено. Затоа филмовите кај нас се такви какви што се”, објаснува Вишка.
- Искуството од турските филмови, важно за кариера на еден успешен актер-
Холивуд не е единствената причина поради која Вишка е поразличен од другите актери. Вишка открива дека е еден од првите актери од Македонија кој снимал во Турција, чија кинематографија станува се повеќе влијателна на балканските простори. Имено, Вишка кажува дека во Турција снимал уште пред десетнина години , за се работи за серијалот “Нe ме заборавaj” , во кој глумел заедно со актерот Метин Шентурк.
“Добив голема улога, затоа што јас немам проблем со турскиот јазик, бидејќи јас сум роден во Гостивар, во моето семејство имам и роднини кои се изјаснуваат како Турци, така да уште од мал сум научил да зборувам албански, турски македонски и токму поради тоа немав проблем да работам во Турција“ , објаснува истакнатиот актер, зборувајќи за во суперлатив за турската кинематографија, откривајќи дека неговиот агент, моментално се наоѓа токму таму кадешто преговара за една голема улога за која вели, дека јавноста ќе биде благовремено информирана.
Јавноста највеќе знае за она што се случува пред камерите, но откако тие ќе се исклучат, актерите настојуваат барем за момент да се трансформираат во улогите од реалниот живот, каде што, како што вели актерот Вишка, “животот не е Холивуд“, потсетувајќи се на многуте тешки моменти кои актерите мора да ги надминат за да стасаат до посакуваната цел, затоа што ниту една бариера не може да биде поголема од желбата за успехот. Тој смета дека секој човек треба да се запраша која е поентата на неговото постоење и да ја најде смислата на животот.
“Треба да размислиме зошто живееме, која е целта на нашето постоење и смислата на животот. Секој човек е всушност, само капка во ова големо море. Ние на светов не сме сами, затоа треба да се пронајдеме себе си. Сакам преку својата работа, својата уметност да направам промена во свеста на луѓето, човекот да биде понапреден, да размислуваме порационално. Ете, да речеме, би сакал парата како средство да не постои. Треба да научиме на овој свет да живееме заедно", заклучува актерот Вишка.
news_share_descriptionsubscription_contact
