Kemal Zorlak
23 Декември 2015•Ажурирај: 24 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во врска со соборувањето на рускиот авион, рече дека целиот свет прифати дека Турција беше во право, а Русија и понатаму прави пропагандно шоу, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган се обрати денес во Анкара и се осврна на прашањето за соборениот руски авион кој го наруши турскиот воздушен простор, како и на внатрешните прашања на Турција.
"Речено е дека црната кутија е отворена, но поради оштетување не е возможно да се преземат информациите. Но, со оглед на тоа што информациите кои ние ги имаме се отворени и сигурни, не постојат никаков сомнеж по ова прашање. И додека целиот свет прифати дека Турција е во право, истрајноста во пропагандното шоу, за оние кои мислат дека ќе им помогне не претставува ништо туку уште поголема срамота", рече Ердоган.
Рече дека иако Русија не успеа да ги дешифрира податоците од црната кутија, со помош на овој настан успешно се дешифрирани одредени нешта во Турција.
Според неговите зборови, во текот на сите овие случувања, одредени имиња кои се сметаат за социјалисти, либерали и патриоти ги заземаа своите места во редовите на Русија. Ердоган за нив рече дека тие не се никој друг туку непријатели на својот народ, алудирајќи на посетата на водачот на прокурдската партија, Селахатин Демирташ на Москва.
"Турција секако ќе има свој став според оние кои настојуваат да го дупнат бродот на кој и самите се наоѓаат, и тоа во период кога оваа земја поминува низ најкритичниот период во историјата на Републиката. Секако дека ќе дадеме наш одговор на оние кои, по прашањето на нападот на единството, заедништвото, братството и слободата во одредени делови на нашата земја, не стојат покрај народот и државата, туку покрај терористите и говорат со јазикот на терористите", порача Ердоган.