Турција

Ердоган: Со гордост се сеќаваме на епската борба на нашиот народ кој голорак им се спротивстави на тенковите

„Како што го правеше тоа и порано, овој народ ќе ја поремети секоја игра што ја допира неговата независност и што се обидува да стави окови на неговата волја...“

Ümit Türk, Gökçe Karaköse, Hamdi Dindirek, Mustafa Hatipoğlu  | 15.07.2024 - Обновена : 17.07.2024
Ердоган: Со гордост се сеќаваме на епската борба на нашиот народ кој голорак им се спротивстави на тенковите

ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека денеска, 15 јули, со гордост се сеќаваат на епската борба на турскиот народ кој со голи раце им се спротивстави на тенковите за време на обидот за пуч во 2016 година, јавува Анадолу.

Ердоган им се обрати на граѓаните по посетата на Споменикот на загинатите херои од 15 јули во Истанбул, во непосредна близина на „Мостот на шехидите на 15 јули“.

„Со голема гордост се сеќаваме на епската борба на нашиот народ кој со голи раце се спротивстави на тенковите и смртоносното оружје“, рече Ердоган и додаде:

„Како што го правеше тоа и порано, овој народ ќе ја поремети секоја игра што ја допира неговата независност и што се обидува да стави окови на неговата волја. До Судниот ден нема да им простиме на оние кои 15 јули го нарекуваат ‘игра’ и на оние кои го нарекуваат ‘претстава’.“

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година, а станува збор за терористичка организација која ја предводи Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), чија екстрадиција Туркије официјално ја побара од САД.

Припадниците на таа терористичка организација со години напредуваа во службата со местење на испитите, со што се инфилтрираа во институциите на државата. Потоа, прво во декември 2013 година, поддржувачите на ФЕТО во правосудството на Туркије се обидоа да гонат бројни високи функционери со монтиран судски процес за наводна корупција.

Неколку години подоцна следуваше и крвавиот обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрира во турската војска.

Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која претставува опасност не само за Туркије, туку и за секоја друга земја во којашто е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските власти. За време на обидот за пуч во Туркије, загинаа 252 лица, а повеќе од 2.730 беа повредени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.