Enes Kaplan
29 Март 2018•Ажурирај: 30 Март 2018
АНКАРА (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со претседателите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите на Кабинетот на претседателот на Турција, во текот на разговорот се разговараше за тензиите настанати откако во Митровица во понеделник е уапсен директорот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Марко Ѓуриќ.
Ердоган во текот на разговорот на претседателите на Србија и Косово им предложи да вложат максимални напори за да дијалогот помеѓу Белград и Приштина не биде загрозен.
Истакна и дека дијалогот помеѓу Србија и Косово е исклучително важен поради мирот и благосостојбата во целиот регион.
На крајот додаде дека Турција во таа смисла е подготвена да пружи секаков вид поддршка.