Kübra Chohan
29 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, кој утринава замина на дводневна официјална посета на БиХ, ги пофали долгорочните односи на Балканот, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим се очекува да се состане со претседавачот на Советот за министри, Денис Звиздиќ, и со членовите на Претседателство на БиХ.
Тој, исто така, ќе се состане со академски лица и со студенти на Меѓународниот универзитет во Сараево.
Јилдирим патува со делегацијата во која спаѓаат заменик-министерот Реџеп Акдаг, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за економија Нихат Зејбекчи и министерот за транспорт, поморство и комуникации, Ахмет Арслан.
Јилдирим изјави дека на различни состаноци ќе се дискутира за економските прашања и за заедничките инвестиции.
Пред да замине за Сараево, Јилдирим на аеродромот „Есенбога“ во Анкара изјави: „Ние, како Турција, ги покажуваме сите наши најдобри напори за стабилност и мир на Балканот. Ги одржуваме неопходните билатерални и мултилатерални контакти со сите регионални земји.“